Wednesday, May 11, 2011

Мачка
Домашната мачка е една од најраспространети домашни миленичина. Иако е припитомена, мачката не го загубила својот инстинкт на ловец и кога лови на жртвата ѝ се приближува со бесшумно прикрадување.
Постојат повеќе видови на мачки, како на промер: обична мачка, персиска , сијамска, ангорка и други.

Обична мачка 
Обичната мачка е најраспространетиот вид од фамилијата мачки: како дива или домашна. Ја има насекаде. . И таа, како другите мачки, преде кога е задоволна. Со луѓето е од многу одамна.Во стариот Египед, мачката била дури свето животно. Бастет, на пример, била мачколика божица на мизиката, на танцот и на мајчинството. За разлика од кичето мачката е многу понезависна и приврзана им е само на оние што знаат да ја пленат! Се претпоставува дека домашната мачка потекнува од дивата мачка од стариот свет која е малку поголема и има подолга опашка.



Персиска мачка
Персиската мачка е по потекло од Персија. Таа е по должина помала од обичната домашна мачка. Нејзините влакна се долги, па затоа често мора да се четка, ненегуваните влакна на персиска мачка придонесува до оштетување на нејзината кожа. Таа е една од најстарите раси на мачки, и го добива своето име по земјата од која потекнува: Персија (Иран). Во Британија се нарекува the Longhair (Долговлакнестата) или Persian Longhair (Персиската долговлакнеста).
Селективното размножување го овозможило развивањето на широк број на бои на крзно, но исто така довело до создавањето на рамни лица кај Персиските мачки. Иако обожавана, оваа структура на главата може да донесе со себе голем број на здравствени проблеми. Како во случајот на Сијамската мачка, имало напори од некои луѓе кои ги размножуваат и одгледуваат овие мачки да го задржат постариот вид на мачка, со понагласена муцка, која е попопуларна кај генералната публика. Наследната болест на полицистични бубрези ги зафаќа речиси половина од популацијата на овие животни во некои земји.
Домашната природа на Персиската мачка претполага ова животно да се чува во стан.

Сијамска мачка
Сијамската мачка е првата која се разликува од другите раси на ориенталната мачка. Точното потекло на расата е непознато, но се верува дека е од Југоисточна Азија, и дека потекнуваат од исплашените мачки од храмовите од Сиам-Тајланд.
Во Тајланд, се едни од неколкуте природни раси на мачки, наречени „Вичин мат“- име што значи „месечев дијамант“. Во 20-тиот век, сијамската мачка стана една од најпопуларните раси во Европа и Северна Америка.

Дива мачка
Дивата мачка е силно жиботно со тркалезна глава.Има кратка муцка и кратки уши. Меѓу острите заби се издвојуваат острите долги песјаци. Телото е покрено со густо сиво-кафеаво крзно со напречни темни шарки. На кратката дебела опашка има црни прстени и црн врв. На предните нозе има пет прста, а на задните четири, што се одоздола секогаш црни. На прстите има канџи кои може да ги вовлекува. Градите и стомакот имаат побледа еднолична боја.
 Мажјакот е поголем и израснува до 90cm во должина, од што опашката зафаќа околу 37cm, а е тежок до 15 kg. Живее во во шуми со шумски чистини. Активна е и ноќе. Лови приквечер или в зори. Внимателна е, добро трча и се качува по дрвја. Лови жив плен-зајаци, птици, глувци. При крајот на пролетта окотува до 4 младенчиња во засолниште меѓу камења или во шупливо стебло, ретко во грмушки.

                                               Куче

Куче или пес  е припитомен подвид на сивиот волк, кучињата се цицачи од редот на Carnivora (ѕверови односно месојади). Кучето е припитомено од човекот и служи како негово милениче. Кучињата се доста интелигентни и освен што служат за домашно милениче тие служат и како чувари на домот и семејството од кое е одгледувано и сл. Според најновите истражувања се смета дека низ цел свет има околу 400 милиони кучиња.
Кучето се разввило во стотици различни раси. Мерено од гребенот на кучињата се има заклучено дека има кучиња од неколку инчи како на пример Чивавата па се до кучиња со неколку стапки како Ирскиот  Влчиј “Рт. Бојата варира најчесто од бела до сива па се до црна и од кафена до жолто-кафена (темна и светла). И крзното може да им биде доста кратко или пак доста долго, влакната може да им бидат од виткани до прави и мазни па се до густи и рапави.
Постојат повеќе раси на кичиња, како на пример: самоед, boxer , pitbul, лабрадор, дога и други




Самојед

Самоједот
  го добило своето име од самоједси народ во Сибир. Друго име особено познато во Eвропа е Бјелкиер (Bjelkier). Овие номадски чувачи на ирваси, меки како памук, бели, насмеани кучиња помагаат во влечењето на санките како и да спијат врз своите сопственици.
Самоједите се витални кучиња кои го одржуваат младешкиот, енергичен дух во сениорските години.Просечниот животен век им се движи од 12 до 16 години. Како вредни ирваси, поседуваат извонредна издржливост и доколку не постои никаква дневна активност, тие се досадуваат, стануваат депресивни или пак прекумерно лаат. Самоједите се силни кучиња, но сепак имаат и здравствени проблеми. Поседуваат сличности со американските Ескимо кучиња. Неискусните луѓе лесно може да ги помешаат и со Хаски.


Самоједот има густо, двослојно крзно. Горниот слој е составено од долги, извиткани и прави влакна во бела боја, но може да имаат и нијанса на сиво. Овој слој го одржува основното крзно релативно чисто. Долниот слој се состои од густи, меки и кратки влакна кои ја одржуваат топлината на кучето.Долниот слој се бричи еднаш или два пати годишно, и овој процес го помага обновувањето на крзното. 



Boxer 


Боксерот е потомок на борбените кучиња уште од античко време. Ова куче е со средни димензии, во облик на коца (должината и висината на телото се еднакви). Исто така има коцкаста глава со силна и широка вилица. Изразот на лицето не смее да му биде тажен или остар. Погледот треба да оддава енергија и интелегенција и да зрачи со верност. Ова куче е брзо и елегантно и не смее да биде премногу слаб. Влакната му се кратки и сјајни, од темноеленеста до жолта боја, а најбарана е бојата помеѓу овие две.Иако се вбројува во службени кучиња, пред се е домашно куче. Палав е, разигран, извонредно внимателен кон децата и останатите членови на семејството. Карактеристично за него е да ги турка домашните со муцката со што ја покажува својата наклоност. Неговите кратки влакна лесно се негуваат. Скромен е и задоволен со престојот во стан, каде не лае премногу. Неговата живост и потреба за движење бара редовни и долги прошетки.


Pitbull



Пит бул териерот е добиен од вкрстување на булдогот и американскиот стафорд териер, со првична намена за овчарско куче, кое ќе биде одличен чувар на стадата на овци против американскиот којот. Ова куче се одликува со посебно изострено чувство за територијалност, пожртвуваност и преданост кон сопственикот. Напаѓа во екстремни случаеви ненадејно но никако без најава, само кога ќе насети дека територијалност му е сериозно нарушена.
Исто така се одликува со огромна атлетичност, цврстина, сила и упорност. Докажано е како пожртвуван борец и целосно се посветува во извршување на поставените задачи од страна на сопственикот макар тоа значело и сигурна смрт.
Заради огромната популарност издржливоста и докажаноста во борбите дошло до дисбаланс на карактерот на оваа раса, при што не се водело сметка за нивна селекција и продолжено е со нивно понатамошно вкрстување, при што е дојдено до денешниот стадиум, да повеќето претставници на оваа раса, всушност не се чистокрвни пит бул териери.
Внимателното одгледување, селекција го дистанцираат чистокрвниот пит бул териер од денешните претставници, кои за жал се само една половина генетски за разлика од чистокрвниот претставник.
Само за споредба... Во светот поголема е бројката на настрадани од други раси на кучиња, отколку од расата пит бул териер. Инаку оваа раса е признаена само во неколку земји од светот, каде што постојат одгледувачници на чистокрвни пит бул териери, кои имаат огромна разлика од нивните роднини, кои само наликуваат на пит бул териери и кои за жал ја носат лошата репутација за оваа раса...


Хаски



Сибирска хаска куче со средна големина и густо крзно кое потекнува од источен Сибир. Овој тип на раса припаѓа на генетската фамилија Шпиц. Препознатлив е по дебелото двослојно крзно, со исправени триаголни уши и со карактеристични обележја. Хаските се активни, енергични и издржливи раси, чии предци потекнуваат од екстремно ладни и сурови средини во Сибир. Водат потекло од Чикучите од северно-источна Азија. Првично биле донесени во Аљаска како кучиња кои влечат санки за време на златната треска но набрзо нивниот статус преминал во кучиња-миленичиња и шоу-кучиња, па така се распространиле во САД и Канада.
Сибирската хаска, самоједот и маламутите од Аљаска се видови кои водат потекло од оригиналните „кучиња кои влечат санка“. Неодамнешната ДНА анализа потврди дека ова е еден од најстарите видови на кучиња, како и маламутите од Аљаска. Во овој тип на кучешка раса, зборот „хаска“ претставува подмитување на терминот „ески“ кој бил употребуван од Инуките кои ги направиле првите експидиции во своите земји. По правило, хаските не се крупни ниту дебели. Зборот „сибирска“ потекнува од Сибир, бидејќи се смета дека Ескимите ги употребувале за да преминат по мост и стигнат во Аљаска, но сепак оваа теорија сѐ уште останува енигма за интелектуалците. Постои и опција дека ова име претставувало племенско име на Сибила, поранешни турски номади. Расите кои потекнуваат од ескимските кучиња биле пронајдени во северната хемисвера од Сибир до Канада, Аљаска, Гренланд, Лабрадор и островот Бафин.

Хрчаци

 

Хрчаци тие што најчесто ги чуваме како наши миленичиња се наречени ,,златни,, хрчаци, а некогаш дури и отмени... Името отмени веројатно им доаѓа од тоа што овие хрчаци се многу ,,разгалени,,,... и бараат посебна грижа... обично, за нив важи правилото дека во еден стакленик ( или кафез ) треба да живее само еден хрчак... за да не се чувствува загрозен.... затоа што не ретко може да го убие својот другар.... Белиот хрчак е исто често милениче, а интересно кај него е што крзното му побелува - само во зимо....  Другите видови, се дружељубиви,... па затоа може да живеат во парови.... потребно е нормално да им се обезбеди доволно голем простор.... 



Морско прасе


Домашните морски прасиња или заморчиња се животни коишто припаѓаат на фамилијата чивидае, род чаива, и се чуваат како домашни миленичиња. И покрај нивното име, немаат никаква врска со море или со Гвинеја. Овие животни се глодари имаат по 4 прсти на предните, и по 3 прсти на задните нозе. Обично живеат од 3 до 8 години, но ако се хранат со трева и се пуштаат во природна околина, можат да достигнат и до 10 години старост.


 
Ова животно е припитомен вид  на морско прасе . Личи на многу други морски прасиња по тоа што е дебело, со кратки нозе и е долго 25 cm. Има мали уши, нема надворешна опашка и има крзно, коешто е црно, жолто-кафено, крем, кафено, бело или комбинација на овие бои. Должината на влакното и составот варираат. Се храни, главно, со трева и со други зелени растенија. Припитомено е во времето пред Инките. а било донесено во Европа во раните години на XVI век. Тоа е популарно домашно милениче и значајно животно за испитување. Морските прасиња играат значајна улога во испитувањата и проучувањата.